Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2016

Имбула е новиот рекорден трансфер на Стоук

Стоук го доведе играчот за врска Џанели Имбула за 18.3 милиони фунти и со тоа го постави својот нов рекорд во трансферите.

Имбула во Стоук пристигна од Порто и потпиша пет и пол годишен договор со „грнчарите“.
Претходниот рекорд на Стоук беше летниот трансфер на Џердан Шаќири од Интер за 12 милиони фунти.
Дваесет и три годишниот Имбула пред повеќе од половина година  постави нов рекорден трансфер во Португалија кога дојде од Олимпик Марсеј на „Драгао“ за 15,1 милиони фунти.
Имбула е млад француски репрезентативец, својата кариера ја започна во Генгамп, а ова сезона настапи на 21 натпревар за Порто, вклучувајќи и два дуела со Челзи во Лигата на шампионите.

Најнови вести