Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2016

Олимпијакос го отпушти Виктор Санчес

Грчкиот шампион Олимпијакос ја прекина соработката со тренерот Виктор Санчес, соопштено е на клупската интернет страница.

Санчес кој порано беше помошен тренер во клубот на клупата на 23 јуни го замени Маркос Силва.
Олимпијакос беше елиминиран во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако на двата натпревари со Хапоел беше поразен со 1-0.
„Олимпијакос ја известува јавноста дека дојде до крајот на соработката со тренерот Виктор Санчес. Клубот му се заблагодарува и му посакува успеси во иднина“, стои во соопштението.
Најтрофејниот грчки клуб минатата сезона ја освои рекордната 43-та шампионска титула со 27 бода повеќе од градскиот ривал Панатинаикос.

Најнови вести