Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2017

Олимпијакос на клупата доведе албански стручњак

Албанскиот тренер Бесник Хаси е нов шеф на стручниот штаб на Олимпијакос, соопшти грчкиот клуб.

Олимпијакос не ги наведе деталите на договорот, а грчкиот печат пишува дека некогашниот тренер на Андерлехт и на Легија потпишал двегодишен договор.
Доаѓам со големи надежи, а прва цел е да се квалификуваме за групната фаза на Лигата на шампионите“, изјави Хаси.
Олимпијакос седма година по ред е шампион на Грција, но имаше бурна сезона во која промени дури три тренери.
Хаси, роден во Ѓаковица, од 2008 до 2014 година беше помошен тренер во Андерлехт, а потоа две сезони го водеше белгискиот клуб и како прв тренер. Тој во 2016 година ја презеде Легија од Варшава, но во септември таа година беше сменет поради лош резултат.

Најнови вести