Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2016

Олимпијакос со трет тренер за два месеци

Португалецот Пауло Бенто е нов тренер на Олимпијакос, соопшти грчкиот шампион.

Бенто е трет тренер на Олипијакос во последните два месеци откако клубот го напуштија Марко Силва и Виктор Санчес.
„Олимпијакос го најавува почетокот на соработката со португалскиот тренер Пауло Бенто“, стои во соопштенито.
Бенто досега го водеше Спортинг Лисабон со кој два пати беше вицешампион на Португалија и освои два Купа и бразилскиот Крузеиро.
Олимпијакос не ги наведе деталите на договорот, а грчките медиуми пренесоа дека Бенто потпишал двегодишен договор.
Тренерот Марко Силва кој минатата сезона го предводеше Олимпијакос до рекордната 43-та шампионска титула на 23 јуни поднесе оставка.
Него на клупата го замени Санчес кој беше отпуштен по само 48 дена откако клубот беше елиминиран во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите од Хапоел.

Најнови вести