Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2017

Марсеј доведе стопер од Севилја

Фудбалерот Адил Рами направи трансфер од Севилја во Марсеј, соопшти овој француски клуб.

Дефанзивниот играч потпиша четиригодишен договор со Марсеј, а тамошните медиуми пишуваат дека трансферот изнесувал шест милиони евра.
Рами игра на позицијата стопер, а во текот на досегашната кариера настапуваше за: Милан, Валенсија, Лил и Фрежис.
Тој за репрезентацијата на Франција досега одигра 33 натпревари.

Најнови вести