Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2017

Алавес остана без тренер

Аргентинскиот стручњак Луис Субелдија стана првиот тренер кој е сменет во новата сезона од шпанската Примера.

По поразот од Вилјареал од 3-0 во четвртото коло од Примера управата на Алавес му врачи отказ на Субелдија.
Тоа беше четврти пораз на исто толку натпревари, а тимот од почетокот на сезоната не постигна ниту еден гол.
Алавес во соопштението наведе дека екипата привремено ќе ја води Хавиер Кабалјеро.
Субелдија во јуни беше поставен за тренер на Алавес кога го замени Маурисио Пелегрино, кој го презема англискиот премиерлигаш Саутхемптон.