Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2017

Алавес бара нов тренер

Фудбалскиот клуб Алавес го отпушти вториот тренер оваа сезона, Виторија ја напушти и Џани де Бјази.

Де Бјази доби отказ два дена по поразот од Еибар со 2-1 на домашен терен во натпреварот од 13-тото коло на Ла Лига.
Алавес е последен на табелата на шпанското првенство само со шест освоени бода, за половина помалку од најблискиот тим во сигурната зона.
Де Бјази го презеде Алавес во септември откако беше отпуштен Луис Субелдија, а на осум натпревари забележа три победи во сите натпреварувања.
Тој во јуни го напушти селекторското место во репрезентацијата на Албанија, а претходната година ја водеше екипата на Европското првенство во Франција.
Алавес минатата сезона на Ла Лига ја заврши на средината на табелата, а играше и во финалето на Кралскиот куп. Екипата до пронаоѓање трајно решение ќе ја предводи Хавиер Кабелјо, досегашниот помошник на Де Бјази.