Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2017

Поранешниот селектор на Албанија на клупата на Алавес

Италијанецот Џани де Бјази е именуван за нов тренер на Алавес, соопштено е на интернет-страницата на шпанскиот прволигаш. Тој на клупата ќе го замени Луис Субелдија.

Со 61-годишниот тренер е потпишан договор до крајот на сезоната, со можност да биде продолжен.
Бјази од 2011 до 2017 година ја предводеше репрезентацијата на Албанија и со пласманот на Европското првенство оствари историски успех.
Во кариерата работеше уште во: Модена, Бреша, Удинезе, Леванте и Торино.
Алавес по пет одиграни кола, се наоѓа на последното место на табелата на првенството на Шпанија без освоен бод и без постигнат гол.
Тимот од Баскија денес, од 16.5 часот ќе го дочека Реал Мадрид.