Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2012

Тухел ќе седи на клупата на Мајнц до 2015 година

Најмладиот и најталентираниот тренер во германската Бундеслига, 38-годишниот Томас Тухел го продолжи договорот со Мајнц на уште две години.

Досегашниот договор на овој стратег му имаше важност до 30-ти мај 2013 година, но понудениот нов, кој финансиски е многу подобар од претходниот, ќе го врзе со клубот до 30-ти мај 2015 година.
Тухел во Мајнц пристигна во 2009 година, а минатата сезона го предводеше тимот до сензационалното петто место и избори пласман во квалификациите за Лигата на Европа, но таму не успеа ниту да ја доживее есента.
Откако е тренер на овој тим, тој има учинок од 39 победи, 27 ремија и 35 порази на 101 одработен бундеслигашки натпревар.

Најнови вести