Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2012

Фридмен го замени Којл на клупата на Болтон

Дaги Фридмен, досегашниот менаџер на англискиот фудбалски второлигаш Кристал палас, е нов тренер на довчерашниот премиерлигаш Болтон.

Информацијата вчера ја потврдија од лондонскиот клуб кој досега го водеше Фридмен.
Новиот тренер ќе го замени Овен Којл, менаџерот кој доби отказ на почетокот на месецов по слабиот старт на сезоната, односно само три победи во првите десет натпревари во Шампионат лигата.
Кристал палас и Болтон оваа сезона се второлигашки ривали. Екипата од Лондон моментно го држи четвртото место, додека Болтон е на 16-тото.

Најнови вести