Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2013

Калјари без Пизано до крајот на сезоната

Франческо Пизано, 26-годишниот десен бек на Калјари, ќе отсуствува од фудбалскиот терен до крајот на сезоната во Серија А поради фрактура на фибулата на левата нога.

Пизано се повреди на вчерашната средба од 31-то коло на Серија А против Катанија (0-0). Засега не е познато колку долго ќе трае неговото закрепнување, но потврдено е дека за него сезоната е завршена.
Оваа сезона Пизано беше стандарден првотимец на екипата од Сардинија и имаше 28 лигашки настапи.
Калјари моментно се наоѓа на 11-тото место на лигашката табела со 39 бодови, дванаесет над зоната за испаѓање. По проблемите кои ги имаше со својот стадио „Ис Арена“, Каљари ќе ги игра натпреварите на домашен терен во Трст, на околу 1000 километри оддалеченост од островот Сардинија.

Најнови вести