Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2015

Катанија исфрлена во трета лига

Екипата на Катанија е исфрлена во третиот ранг на италијанскиот фудбал со одземање 12 бодови поради тоа што учествувала во местење натпревари.

Пред неколку месеци Антонино Пулвиренти, претседателот на клубот, призна дека платил 100.000 евра за да намести  натпревари во Серија Б минатата сезона.
Поради учество во местење натпревари покрај Катанија, казнети се уште Терамо и Савона, со исфрлање во Серија Д, но без одземање бодови.
Катанија минатата сезона со серија од пет победи во периодот од 29-ти март до 24-ти април избори опстанок во Серија Б.
Од друга страна, Савона го пуштила Терамо за да може овој клуб да избори пласман во вториот ранг на италијанскиот фудбал.

Најнови вести