Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2013

Де Канио го наследи Маран на клупата на Катанија

Луиџи де Канио (56) е нов тренер на италијанскиот фудбалски прволигаш Катанија. На клупата го смени 50-годишниот Роланд Маран.

Последната капка која ја прели чашата за смена на Маран беше саботниот пораз од 2-1 од Калјари.
Маран Катанија ја презеде минатата сезона и собра рекорден број освоени бодови (48) и за малку остана без пласман во европските натпреварувања. Екипата сега ја остави на 17-тото место на првенствената табела со пет освоени бодови во осум натпревари.
За Де Канио ова е враќање во Серија А, по октомври 2012 година кога беше отпуштен во Џенова.

Најнови вести