Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2014

Пулис го напушти Кристал Палас

На ден пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата се случи првото големо изненадување во Англија – Тони Пулис го напушти Кристал Палас.

Англиските медиуми ја пренесоа информацијата дека Пулис веќе не е менаџер на клубот од Лондон и дека двете страни постигнале договор за прекин на соработката.
Пулис во ноември минатата година дојде на „Селхарст парк“ кога Кристал Палас имаше само 4 бода по 11 кола и беше закован на дното на табелата.
Тој го направи невозможното и на следните 27 натпревари освои 41 бод, што беше доволно за 11 место на крајот на сезоната.
Причината за прекинот на соработката е во тоа што Пулис воопшто не бил задоволен од трансфер политиката на клубот пред новата сезона.
Во досегашната кариера Пулис беше менаџер на Стоук, Плимут, Портсмут, Бристол, Гилингам и Борнмаут.

Најнови вести