Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2015

Сопственикот на Олимпијакос шеф на грчкото фудбалско подземје?

Вангелис Маринакис, сопственикот на Олимпијакос, е суспендиран од фудбалот, откако е обвинет дека раководи криминална организација која го контролира грчкиот фудбал.

Според судски извори кои ги пренесува агенцијата АП, бродосопственикот Маринакис, ќе мора да се јавува во полиција на секои 15 дена.
Маринакис бил пуштен со кауција од 200.000 евра, откако седум часа сведочел пред атинскиот обвинител Јоргос Андрадис.
Претседателот на Олимпијакос е обвинет дека е вмешан во раководење на криминална организација која се занимава со уцени, изнуди, корупција и измами.
Маринакис сега мора да поднесе оставка како претседател на Олимпијакос, иако останува сопственик на компанијата која раководи со клубот.
Судејќи според наводите на некои медиуми, второпласираниот во грчката лига во изминатата сезона Панатинаикос и третопласираниот ПАОК подготвуваат жалба за УЕФА со која ќе го доведат во прашање правото на Олимпијакос да се натпреварува во Лигата на шампионите следната сезона.
Сослушувањето на Маринакис следувало само по 24 часа откако Јоргос Сарис, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Грција, е суспендиран од фудбалот, со налог да не ја напушта Грција.

Најнови вести