Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2015

Малерозниот Мичу го раскина договорот со Свонси

Шпанецот Мичу спогодбено го раскина договорот со Свонси, објавено на официјалната интернет-страница на велшкиот клуб.

Мичу го напушта Свонси седум месеци пред да му заврши договорот од 2012 година, каде одигра 67 натпревари и постигна 28 гола за „лебедите“, но многубројните повреди го спречија да го покаже целиот свој потенцијал.
За сето време поминато во Премиер лигата му овозможи на клубот да го забележи својот најголем успех во историјата, освојувањето на Лига купот на Англија пред две години.
Добрите натпревари ги забележа селекторот на Шпанија Винсенте дел Боске и му даде шанса да дебитира на натпреварите против Белорусија и квалификациите за Светското првенство во Бразил.
Во текот на својата кариера играше за Наполи, Рајо Валекано, Селта Виго, Реал Овиедо, а сега се споменува и можноста за враќање во редовите на некој второлигаш својата родна земја.

Најнови вести