Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2016

Гвардиола конечно го доведе Сане

Талентираниот фудбалер на Шалке Лерој Сане го договори трансферот во Манчестер сити кој е тежок 55 милиони евра, тврди „Билд“.

Како што наведува германскиот магазин, инаку многу упатен во трансфер пазарот на земјата, Сане би требало да потпише четиригодишен договор со „граѓаните“.
За трансферот на Сане инсистираше новиот менаџер, Пеп Гвардиола, кој сакаше 20-годишниот крилен напаѓач да го доведе во Барен кога беше на клупата на Баварците.
Сане ќе биде второто засилување на Сити ова лето, по шпанскиот репрезентативец Нолито.

Најнови вести