Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2017

Леверкузен се засили од Генк

Леон Бејли, досегашниот фудбалер на Генк, потпиша договор со Баер од Леверкузен до 2022 година, соопшти германскиот клуб.

„Ова момче беше желба на многу европски клубови. Поради тоа сме посреќни, што можевме да победиме толку силна конкуренција“, изјави Руди Фелер, спортскиот директор на Баер.
Бејли (19) ќе може да игра за Баер во Лигата на шампионите, и покрај тоа што оваа сезона играше за Генк во Лигата на Европа.
„Леверкузен е познат по тоа што им помага на играчите да се развијат. Фудбалот кој се игра овде е атрактивен. Ми се допаѓа“, изјави Бејли, кој во Баер ќе го носи дресот со бројот девет.

Најнови вести