Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2018

Фенерџијата од третата лига го шокираше Тотенхем во 93-тата минута

Фудбалерите на Тотенхем одиграа нерешено 2-2 против Рочдејл во натпреварот од осминафиналето на ФА купот.

Додека Тотенхем во последните години се наметнува како еден од претендентите за титулата во Премиер лигата, Рочдејл се наоѓа на последното место од трето по ранг натпреварување во Англија.
Тоа не им помогна на избраниците на Маурисио Покетино да ја сочуваат предноста од 2-1 која ја имаа во 88-мата минута.
Рочдејл поведе со голот на Хендерсон, кој добро се вовлече меѓу одбранбените играчи на Тотенхем во 45-тата минута, додавањето на Кенон го претвори во асистенција и по земја го совлада голманот на „петлите“ за 1-0.
Речиси на идентичен начин, Лукас го искористи додавањето на Сисоко и во 59-тата минута израмни на 1-1, а Хари Кејн, најдобриот стрелец на екипата, направи пресврт во 88-мата минута од пенал.
За да не биде сè завршено во тој момент, се погрижи Стивен Дејвис во 93-тата минута, кој се најде на вистинското место во казнениот простор и топката ја испрати во малата мрежа на Ворм за 2-2.
Тотенхем и Рочдејл ги очекува уште еден натпревар, а потоа ќе се знае кој ќе оди во четврт-финалето во кое ќе играат или против Свонси или против Шефилд вензди.

Најнови вести