Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2011

Свонси прв клуб од Велс во Премиер лигата

Фудбалерите на Свонси го победија Ридинг со 4-2 на „Вембли“, па со тоа славеа во разигрувањето на четирите второлигаши за последното, трето место, кое води во англиската Премиер лига.

Скот Синклер, 22-годишниот крилен играч, поранешен напаѓач на Челзи и на младата англиска репрезентација, постигна хет-трик, при што погоди два пенали.

Уште на полувремето Свонси имаше резултат 3-0. Ридинг во првите 12 минути на второто полувреме намали на 3-2, но Синклер со третиот гол, втор од белата точка, во 80-тата минута го реши прашањето околу победникот.

Откако постои Премиер лигата (од 1992 година), ниту еден велшки клуб не играл во елитното натпреварување меѓу клубовите на подрачјето на Англија и Велс. Последен пат во тогашната англиска прва лига Свонси играше во сезоната 1982/83.

За пласманот на Велшаните во Премиер лигата заслужен е и резултатот по основниот дел од сезоната: по завршувањето на Чемпионшип, Свонси го држеше третото, а Ридинг петтото место.

Претходно во Премиер лигата се имаа квалификувано Квинс парк ренџерс и Норвич. Со промоцијата во елитната класа на англискиот клупски фудбал Свонси си обезбеди финансиски прилив од 90 милиони фунти.

Најнови вести