Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2012

Њукасл ослабен на средината

Играчите за врска Дени Гатри и Харис Вучкиќ нема да може да му помогнат на својот Њукасл во наредните два натпревари.

Гатри се повреди на натпреварот со Ливерпул, во кој неговиот тим победи со 2-0, додека, пак, Вучкиќ чувствува болки во ногата.

Нивното отсуство сигурно ќе му зададе огромни проблеми на стратегот Алан Пердју, кој денеска ќе гостува на стадионот „Либерти“кај Свонси.

Вучкиќ, кој иако на своите натпревари влегува од клупата, неговиот придонес за тимот е огромен, додека, пак, Гатри, кој имаше проблеми со повредите оваа сезона, на сите досега беше стартер.

„Го загубивме Дани на следните два натпревари, но ние сме тим кој има цел да обезбеди место во Европа наредната сезона и имаме замена за таа позиција. Ова сигурно ќе биде голема загуба за него, бидејќи имаше фантастична сезона, се надевам дека ќе го имам на располагање за завршницата. Што се однесува до Харис, тој има само мали болки и јас нема да го жртвувам за овие два натпревари“, рече Пердју.

Денес Њукасл, ќе гостува кај Свонси, а во понеделник на свој терен ќе го пречека Болтон.

Најнови вести