Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2013

Агуеро се понуди на поранешниот клуб да му купи пет играчи

Денешниот фудбалер-милионер, 25-годишниот аргентински напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро одлучи да инвестира во својот поранешен клуб.

На пропаднатиот аргентински гигант Индепендиенте понуди да му купи пет фудбалери кои ќе ги избере стручниот штаб на клубот и дека ќе ги финансира нивните плати. Пораката ја испратил преку таткото. Меѓутоа, нему никој од клубот не сака да му се јави. 
„Го замолив Карлос Сквео, помошниот тренер на тимот, да ми достави листа на фудбалери кои ги сакаат откако ќе се усогласат со тренерот Мигел Анхел Бриндис. Клубот или е во тотален хаос или имаат нешто против Серхио“, се исповеда на новинарите таткото на Агуеро. 
Агуеро е играчка легенда на славниот клуб од Буенос Аирес, во кој влегол како деветогодишник и со 15 години станал најмладиот дебитант во историјата на неговиот прв тим. Играше три сезони со сениорите пред да премине во Атлетико Мадрид; во 54 натпревари постигна 23 гола. 
Минатата сезона Индепендиенте, кој е инаку најуспешен аргентински клуб меѓународно со дури седум титули на Копа Либертадорес, го допре дното: тимот испадна од првата лига за прв пат по 108 години постоење. 


Најнови вести