Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2014

Тренерот на Мајнц го напушти клубот

Томас Тухел, тренерот на Мајнц, своеволно го напушти клубот, откако екипата обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на Европа.

Натпреварувањето во Бундеслигата заврши во саботата, а Мајнц го победи Хамбургер со 3-2 и го зазеде седмото место на табелата, кое води во квалификациите за Лигата на Европа.
Кристијан Хајдел, извршниот директор на Мајнц, изјави дека клубот нема да му дозволи на Тухел да тренира некоја друга екипа поради тоа што договорот му истекува за една година.
Тој истакна дека клубот нема да го раскине договорот, без оглед на тоа што Тухел нема да ја води екипата.
Четириесетгодишниот Тухел пет сезони го предводеше Мајнц и, според пишувањата на германските медиуми, тој е еден од најценетите германски тренери од младата генерација.
Медиумите претходните денови шпекулираа дека за Тухел се заинтересирани повеќе бундеслигашки клубови.

Најнови вести