Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2015

Хара ќе добие отказ поради вулгарниот гест

Германскиот прволигаш Мајнц е подготвен да го раскине договорот со Гонзало Хара поради неговата провокација на Единсон Кавани на четврт-финалниот натпревар од Копа Америка.

Хара за време на натпреварот меѓу Чиле и Уругвај, кој го доби домаќинот со 1-0 и се пласираше во полуфиналето, на вулгарен начин го допре Кавани.
Уругвајскиот фудбалер жестоко реагираше и го оттурна, а Чилеанецот театрално падна по што судијата му додели црвен картон на Кавани. Дополнителните снимки покажаа дека Хара го предизвика целиот инцидент.
Неговиот договор со Мајнц истекува во 2016 година, но челниците на германскиот клуб имаат намера да го прекинат предвреме.
„Такво однесување не толерираме. Дури повеќе од неговиот гест ме нервира тоа што го симулираше паѓањето. Ги презирам симулантите повеќе од сè“, изјави спортскиот директор на Мајнц, Кристијан Хајдел.

Најнови вести