Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2015

Арангуис пет години во Баер Леверкузен

Чилеанскиот фудбалер Чарлс Арангуис потпишал петгодишен договор со Баер Леверкузен.

Дваесет и шестгодишниот Арангуис, кој во Бундес лигата доаѓа од бразилскиот Интернасионал, изјави дека доаѓањето во Баер му пружа шанса да заигра во Лигата на шампионите и додаде дека „многу се радува на големиот предизвик во друга земја“.
Спортскиот директор на Баер, Руди Фелер, се надева дека чилеанскиот репрезентативец ќе го подигне квалитетот на тимот за кој очекува дека ќе биде еден од главните конкуренти за титулата на Баерн Минхен.
Баер Леверкузен не ги објави финансиските детали на договорот.

Најнови вести