Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2016

Вилјареал го победи Ливерпул, реми на Шахтар и Севилја

Во првите полуфинални дуели од Лигата на Европа, Вилјареал на домашен терен го совлада Ливерпул со голот на Адриан Лопез во последните моменти на натпреварот, додека Шахтар и Севилја одиграа нерешено во Украина 2-2.

Ливерпул на гостувањето во Шпанија имаше одлична можност уште на самиот старт. Ален по додадената топка од Милнер во 5-тата минута шутираше право кон голманот.
На почетокот на второто полувреме Бакамбу ја погоди пречката на Вилјареал, а најголемите возбудувања беа видени во последните пет минути од натпреварот.
Повторно Бакамбу имаше одлична можност, но Мињоле го одбрани шутот на најдобриот стрелец на „жолтата подморница“. Меѓутоа Ливерпул се закани веќе во следниот напад кога Алберто Морено продре по левата страна, но упати непрецизен удар над голот.
Конечно, во втората минута од надополнувањето се случи перфектната акција на домаќинот, Бруно Соријано го пронајде Денис Суарез на левата страна, а овој пак го проигра Адриан Лопез, кој беше сам пред голот и не му беше тешко да ја прати топката директно во мрежата на Ливерпул.
Позитивен резултат оствари и другиот претставник од Шпанија. Севилја на гости кај Шахтар одигра нерешено 2-2. Поведе тимот на Унаи Емери во 6-тата минута со голот на Витол, но Украинците стигнаа до пресвртот благодарејќи на головите на Марлос во 23-тата минута и Степаненко во 36-тата минута.
Изедначувањето на бранителот на трофејот го донесе Кевин Гамеиро со голот од пенал осум минути пред крајот на натпреварот.
Реванш натпреварите ќе се одиграат следниот четврток.

Најнови вести