Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2017

Севилја најде нов тренер

Андалузијците му дадоа отказ на Едуардо Беризо по серијата слаби резултати, а веќе се знае и кој би можело да го наследи на „Рамон Санчес Писхуан“.

Италијанскиот фудбалски тренер Валтер Мацари би требало да ја преземе Севилја, пренесоа денес шпанските медиуми.
Претставниците на клубот, претседателот Хозе Кастро и спортскиот директор Оскар Аријас веќе разговарале со Мацари во Италија.
Мацари е без работа откако на крајот на минатата сезона доби отказ во Палермо.
Според пишувањата на шпанските медиуми, други кандидати за клупата на Севилја се: Винченцо Монтела, Томас Тухел и Хави Гарсија.
Севилја остана без тренер минатата недела, кога Беризо ги напушти редовите на екипата од Андалузија.
Андалузијците моментно се петти на табелата со 29 бодови, два помалку од четвртопласираниот Реал.

Најнови вести