Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2012

Забранети трансферите на Малага поради долгот кон Осасуна

Шпанската фудбалска федерација ѝ забрани на Малага купување нови фудбалери сè додека не го врати долгот кон ривалот од Примера лигата, Осасуна, објавија вчера од андалузискиот клуб.

Во соопштението не е објавено колку изнесува долгот ниту како настанал. Шпанските медиуми претпоставуваат дека мора да се работи за трансферот од минатото лето на одбранбениот играч Начо Монреал, кој стигна во Малага токму од Осасуна.
Во соопштението, исто така, најавија дека проблемот ќе го решат експресно и дека во брзо време ќе го подобрат протокот на пари по сметката, како и тоа дека ќе го зголемат годишниот буџет.
Клубот во летото 2010 година беше купен од катарскиот шеик Абдула Бин Насер Ал Тани. Досега во клупските финансии додаде 120 милиони евра, со тоа што минатото лето за засилувања потроши околу 60 милиони евра. Во клубот дојдоа Руд ван Нистелрој, Јорис Матејсен, Санти Касорла, Диего Буонаноте, а претходно Мартин Демичелис и Жулио Баптиста.

Најнови вести