Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2012

Муамба и понатаму напредува, почна да зборува!

Болтон соопшти дека Фабрис Муамба, неговиот 23-годишен играч за врска, кој колабираше во саботниот натпревар од ФА купот против Тотенхем, и понатаму покажува знаци на напредок - ги препознал членовите на семејството и одговара на прашања.

Премиерлигашкиот клуб соопшти дека Муамба и понатаму се наоѓа на одделот за интензивна нега во лондонската болница, но дека сега е во можност самостојно да дише, без помош на респиратор.
Претходно Болтон соопшти дека срцето на Муамба чука без помош на лекови, по два дена откако претрпе срцев застој на натпреварот против Тотенхем.
Во заедничкото соопштение со лондонската болница во која е примен Муамба, Болтон откри дека неговиот играч ги мрда рацете и нозете.
Куртис Кодрингтон, пријателот на Муамба, изјави дека членовите на семејството рекле дека фудбалерот изговорил неколку зборови на англиски и француски јазик.

Најнови вести