Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2012

Муамба е сè подобар

Фудбалерот на Болтон, Фабрис Муамба, кој се опоравува од срцевиот удар на мечот од ФА купот против Тотенхем, со фотографија на Твитер се заблагодари на сите за поддршката која ја доби по несреќниот настан.

Фотографијата на неговиот профил ја постави неговата вереница Шауна.
„Фаб сакаше да ја ставам оваа фотографија за вас и да ви кажам ’благодарам’ за огромната поддршка која ја доби“, напиша Шауна на профилот на Муамба на твитер.
Муамба доживеа срцев удар на 17 март и беше клинички мртов дури 78 минути, но е спасен благодарејќи на реанимацијата на теренот на „Вајт Харт лејн“ и во грижата која ја доби потоа.

Најнови вести