Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2013

Тајсон потпиша за Шахтар

Актуелниот украински шампион, Шахтар, во своите редови донесе уште еден бразилски фудбалер откако потпиша петгодишен договор со дваесет и четиригодишниот Тајсон.

Бразилскиот крилен напаѓач веќе остави траг во Украина во последните две и пол години по доаѓањето од Интернасионал во Металист од Харков. Со своите игри го привлече вниманието на многу европски клубови, а англиските медиуми последните денови го поврзуваа со трансфер во Челзи.
Сепак, Тајсон остана во Украина, но го смени градот и клубот. Шахтар за него платил 16.7 милиони евра, колку што изнесувала клаузулата за откуп во неговиот договор.
Тајсон сезонава во украинското првенство има три голови и ист толку асистенции, а во Лигата на Европа еден гол и три асистенции. Во новиот клуб ќе се придружи на бразилската колонија составена од Фернандињо, Вилиан, Даглас Коста, Алекс Теишеира, Илсињо, Дентињо, Луис Адриано и хрватскиот Бразилец Едуардо.

Најнови вести