Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2013

Вагнер Лов се врати во ЦСКА Москва

Бразилскиот напаѓач Вагнер Лов се врати во рускиот фудбалски клуб ЦСКА Москва, со кого освои две тамошни првенства и Купот на УЕФА – денешната Лига на Европа.

Бразилскиот портал „О Глобо“ прв ја пренесе оваа вест за сите навивачи на клубот од Москва. Дваесет и осумгодишниот Лов во Русија се враќа по една година играње во бразилската лига за Фламенго.
Причина за враќањето се финансиските проблеми во кои западна Фламенго, кој, сепак, ќе има право да го врати напаѓачот во клубот кога ќе му истече тригодишниот договор со ЦСКА. Една од ставките во договорот е дека Лов смее да се врати само во Фламенго по истекувањето или раскинувањето на договорот со рускиот клуб.
Најдобриот стрелец во клупската историја на ЦСКА Москва, со 117 погодоци од 244 натпревари, ќе има шанса и по трет пат да ја освои руската шампионска титула по 2005 и 2006 година, со оглед на тоа дека клубот по 19 од 30 кола ја држи лидерската позиција на табелата, со два бода повеќе од Анжи од Махачкала.

Најнови вести