Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2013

Осасуна го смени тренерот

Осасуна е првиот клуб во шпанската Примера лига кој во новата сезона го смени тренерот. Клубот од Памплона објави дека ја раскина соработката со Хозе Луис Мендилибар.

Во минатата сезона Осасуна се спаси од испаѓање, но во новото првенство почна со три порази, што беше пресудно за 52-годишниот стручњак. Мендилибар ја презеде Осасуна во февруари 2011 година, а во првата цела сезона го предводеше клубот до седмото место во шпанското првенство. Но, само 16-тото место во минатата сезона и лошиот старт во актуелната на крајот го доведоа до разделба.
Пред Осасуна, Мендилибар, меѓу останатите, ги тренираше: Еибар, Атлетик Билбао и Валјадолид.

Најнови вести