Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2013

Андрос Таунсенд го продолжи договорот со Тотенхем

Андрос Таунсенд, 22-годишниот крилен фудбалер на Тотенхем, потпиша нов четиригодишен договор со клубот од северниот дел на Лондон.

Младиот играч оваа сезона се зацврсти во првата екипа на Тотенхем, а минатата седмица во дебитантскиот натпревар за репрезентацијата на Англија постигна погодок во победата против Црна Гора (4-1). Тој е производ на фудбалската школа на лондонскиот клуб, кој го испраќаше на заем дури во девет различни клубови. Ова сезона во осум официјални натпревари постигна еден погодок и три асистенции.
„Многу сме горди на учинокот на Андрос. Игра со толку самодоверба и решителност, со право го зграпчи местото и во клубот и во репрезентацијата“, истакна Андре Вилаш-Боаш, менаџерот на Тотенхем, за својот играч кој со новиот договор за „Вајт харт лејн“ е врзан до 2016 година.

Најнови вести