Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2013

Адебајор повратник во екипата на Тотенхем

Емануел Адебајор, напаѓачот на Тотенхем, денес на гостувањето кај Шериф во Тираспољ може да ги одигра првите натпреварувачки минути оваа сезона.

Тогоанскиот фудбалски репрезентативец е вклучен меѓу 20-те играчи на Тотенхем за средбата, додека надвор од списокот останаа: англискиот репрезентативец Андрос Таунсенд, неговиот сонародник Кајл Волкер и бразилскиот играч за врска Паулињо.
„Ова е шанса малку да закрепнеме, а екипата е доволно голема и има простор за ротација“, изјави Андре Вилаш-Боаш, менаџерот на англискиот клуб.
Адебајор летоска доцна се приклучи на претсезонските тренинзи на Тотенхем поради смртта на својот брат и дури сега треба да настапи во некој натпревар иако не беше повреден.
Тотенхем ја предводи групата К во Лигата на Европа со максимални шест бодови и со гол-разлика 5-0. Нивниот соперник Шериф е второпласирана екипа во групата со два бода на контото.

Најнови вести