Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2013

Вилаш-Боаш: Нема да добијам отказ

Андре Вилаш-Боаш, менаџерот на Тотенхем, изјави дека раководството на клубот му верува и дека не мисли дека ќе добие отказ.

Британските медиуми тврдат дека Вилаш-Боаш ќе добие отказ ако не го победи Манчестер јунајтед во натпреварот од 13-тото коло на Премиер лигата во недела.
„Раководството на клубот ми верува. Разговарав со членовите на управниот одбор пред два дена. Се согласивме дека не играме добро, се надевам дека наскоро ќе заиграме подобро. Зошто претседателот Даниел Леви јавно не ме поддржа? Тоа е негов стил. Мирен сум“, изјави Вилаш-Боаш.
Тотенхем во неделата, во 12-тото коло на Премиер лигата, изгуби од Манчестер сити со 6-0 и моментно се наоѓа на деветтото место со 20 бодови, осум помалку од првопласираниот Арсенал.

Најнови вести