Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2013

Вилаш-Боаш веќе не е тренер на Тотенхем

Португалскиот тренер Андре Вилаш-Боаш веќе не е тренер на премиерлигашот Тотенхем, објавено е на интернет-страницата на клубот од Лондон.

Одлуката е донесена со обострана согласност на клубот и на португалскиот менаџер.
Челниците на Тотенхем одлучија да ја раскинат соработката со Португалецот по вчерашниот дебакл од Ливерпул со резултат 0-5.
„Одлучено е договорно да се раскине соработката со Вилаш-Боаш“, се вели во соопштението на Тотенхем.
Интересно е тоа што Вилаш-Боаш само неколку минути пред отказот изјави дека нема да поднесе оставка.
„Нема да дадам оставка, јас не се откажувам. Не е моја одлуката дали заминувам. Единствено, може да работам уште повеќе со играчите за да го оствариме резултатот што го сакаме“, изјави Вилаш-Боаш само неколку моменти пред отказот.
Претходните денови аргентинските медиуми шпекулираа дека легендарниот Диего Армандо Марадона би можело да го замени Вилаш-Боаш на клупата на Тотенхем во јануари.
Тотенхем моментно е седми на табелата на Премиер лигата со 27 бодови, осум помалку од лидерот Арсенал.

Најнови вести