Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2011

Голманот на Баер заврши во болница

Голманот на Баер Леверкузен, Фабиан Гифер поради повреда на главата е сместен во болница по натпреварот од првото коло во германскиот шампионат против Мајнц.

Гифер во 84 минута се судри со „џокерот“ на Мајнц, Ерик Мотинг, но иако мечот го одигра до крај, во соблекувалната се пожалил на болки во главата, па веднаш бил пренесен во болница, поради стравување од потрес на мозокот.

Гифер, нешто порано со неговиот „кикс“ во 32 минута кога ја утна повратната топка од својот соиграч му овозможи на Сами Алагуи да го постигне водечкиот погодок, со што го обележа натпреварот кој заврши со победа на Мајнц од 2-0.

Најнови вести