Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2016

Тијаго по пет месеци повторно на теренот

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Тијаго Мендеш доби дозвола од лекарот да се врати на теренот по петмесечната пауза поради повредата на десната нога.

Тијаго кон крајот на ноември во текот на натпреварот против Еспањол (1-0) имаше фрактура и мораше да му се изврши хируршка интервенција.
Како што наведе Атетико, закрепнувањето на Тијаго помина добро и веќе е на располагање на тренерот Диего Симеоне.
„Португалецот Тијаго Мендеш доби дозвола од лекарот да се врати во тимот по повеќе од петмесечна пауза. По напорната работа на закрепнувањето, Тијаго, кој веќе им се приклучи на играчите на тренингот е потполно подготвен за тренерот Симеоне да може да смета на него за претстојните натпревари“, се наведува во соопштението на Атлетико.
Две кола пред крајот на шпанското првенство Атлетико се наоѓа на второто место на табелата со 85 бодови, колку што има и првопласираната Барселона. Атлетико на 28-ми мај ќе игра во финалето од Лигата на шампионите против градскиот ривал Реал.

Најнови вести