Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2012

Погатец суспендиран три натпревари

Емануел Погатец, австрискиот дефанзивен играч од редовите на Хановер, е казнет со три натпревари забранет настап настап поради инцидентот кој се случи минатиот петок против Нирнберг во склоп од деветнаесеттото коло на Бундеслигата.

Дисциплинската комисија на Германската фудбалска федерација (ДФБ) го суспендира Погатец,откако ја прегледа видеоснимката во делот кога тој го удира Филип Волшајд, играчот на Нирнберг.
Судијата Марио Фриц не го забележа тој инцидент, но ДФБ реагираше веднаш по жалбата од Нирнберг.
Самиот Погатец, како и неговиот клуб решија да не се жалат на оваа одлука, што значи дека Австриецот ќе мора да ги пропушти следните три натпревари против Херта, Мајнц и Штутгарт.

Најнови вести