Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2013

Мирослав Ѓукиќ ќе го преземе Шалке?

Шалке планира да му понуди ангажман на Мирослав Ѓукиќ, српскиот фудбалски стручњак и актуелен тренер на Валјадолид, изјави неговиот менаџер Карлос Бусеро.

Ѓукиќ за Валјадолид е врзан со договор уште една година, но со клаузула која му овозможува за релативно мал износ на компензација да си оди од клубот.
Српскиот тренер завршува добра сезона на клупата на шпанскиот тим, кој моментно се наоѓа на 12-тото место во Примера лигата, така што не е чудно што му го привлече вниманието на Шалке, моментно петтопласираниот во Бундеслигата.
Четириесет и седумгодишниот Ѓукиќ пред Валјадолид ги тренираше: Партизан, Мускрон и Еркулес, а беше и селектор на најдобрата младинска селекција на Србија, како и на сениорскиот тим.

Најнови вести