Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2013

Рокада на клупата на Селта

Смена на клупата на шпанскиот прволигаш Селта - Абел Ресино дојде на местото на тренерот Пако Херера.

На соработката меѓу Пако Херера и Селта конечно ѝ дојде крајот, бидејќи поразот од Хетафе (1-3) го исцрпи трпението на раководството на клубот.
Нов шеф на стручниот штаб ќе биде Абел Ресино, кој порано ги водеше: Мурсија, Леванте, Атлетико Мадрид, Валјадолид, Кастелјон и Гранада.
Селта моментно е прва екипа во зоната за испаѓање со 20 освоени бодови во 24 кола на Примера лигата, па во текот на пролетта ѝ претстои грчевита борба за опстанок.
Првата екипа над линијата, Сарагоса на Селта ѝ бега со четири бодови, што и не треба да е чудно бидејќи клубот од Виго последната победа ја оствари на шести јануари против Валјадолид. Во наредните шест кола освои само два бода.

Најнови вести