Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2018

Лоик Реми ќе игра на заем во Хетафе

Фудбалските клубови Лас Палмас и Хетафе постигнале договор околу трансферот на францускиот играч Лоик Реми, соопштено е денес.

Лоик Реми за Хетафе ќе игра до крајот на сезоната.
Тој во Лас Палмас дојде минатото лето од Челзи и оваа сезона беше најдобриот стрелец на таа шпанска екипа со шест гола на 13 натпревари, но 31-годишниот фудбалер не е во плановите на тренерот Пако Хемез.
Според наводите на шпанските медиуми, за Лоик беа заинтересирани Леванте и повеќе турски клубови.
Лоик Реми кариерата ја почна во Лион, а играше уште за Ница, Марсеј, Квинс парк ренџерс и Њукасл.
Хетафе моментно се наоѓа на деветтото место на табелата на шпанската Примера лига со 28 бода.

 

Најнови вести