Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2016

Хетафе брзо најде нов тренер

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Јувентус Хуан Еснајдер е именуван за нов тренер на Хетафе, потврди шпанскиот клуб.

Еснајдер го потпиша договорот до крајот на сезоната со цел тимот да обезбеди опстанок во Примера.
Тој на клупата на клубот од предградието на Мадрид го наследи Фран Ескриба кој доби отказ по поразот од Вилјареал со 2-0 минатиот викенд. 
Еснајдер нема толку тренерско искуство, претходно го водеше тимот Б на Хетафе и Сарагоса, а од напуштањето на Кордоба во 2013 година немаше ангажман.
Меѓутоа, во текот на фудбалската кариера, покрај Реал и Јувентус, настапуваше за Атлетико Мадрид, Еспањол, Порто, Ривер плате, Ажаксио, Њуелс олд бојс, додека за репрезентацијата на Аргентина забележа три натпревари.
Фудбалерите на Хетафе се наоѓаат на претпоследното 19-то место на табелата на шпанското првенство, со два бода помалку од Гранада, која е прва на црвената линија.

Најнови вести