Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2014

Романецот Контра го презема Хетафе

Анхел Торес, претседателот на Хетафе, соопшти дека Луис Гарсија веќе не е тренер на клубот, а на негово место е избран Космин Контра.

Хетафе нема остварено победа откако во ноември минатата година го совлада Леванте.
Капката која ја прели чашата на трпението на челниците на Хетафе беше поразот од 2-0 во саботата од Бетис.
Хетафе моментно е со еден бод над зоната за испаѓање, а Торес нагласи дека е неопходна промена на кормилото и му посака сè најдобро на Гарсија, кого го нарече голем професионалец.


Најнови вести