Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2013

И покрај интересот на гигантите за Марика, тој заврши во Хетафе

Чипријан Марика, 27-годишниот романски фудбалер, кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот лигаш Хетафе. Тоа го објави неговиот нов клуб на официјалната интернет-страница.

Ова лето на Марика му истече договорот со Шалке, а клубот немаше намера да ја продолжи меѓусебната соработка. Така Марика стана слободен играч, а Интер, Милан и Арсенал беа заинтересирани за неговите услуги. Но, романскиот напаѓач не заврши во ниту една од тие големи екипи, туку одбра да замине во Хетафе. Финансиските детали на овој трансфер не се познати.
Марика кариерата ја почна во Динамо од Букурешт. Потоа играше во Шахтар, па во два бундеслигашки клубови, Штутгарт и Шалке.
Минатата сезона постигна три погодоци во 13 првенствени натпревари во Бундеслигата.

Најнови вести