Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2015

Лас Палмас го отпушти тренерот Ерера

Пако Ерера, тренерот на фудбалерите на Лас Палмас, е отпуштен поради лошите резултати, објави шпанскиот прволигаш на својата интернет-страница.

До прекинување на соработката со тренерот, под чие водство клубот од Канарските Острови минатата сезона избори враќање во Ла Лига по 13 години, дојде по неделниот пораз на гостувањето кај Хетафе (4-0).
Не е објавено кој ќе го замени на клупата 61-годишниот Ерера, кој е прв отпуштен стручњак оваа сезона во Примера лигата.
Лас Палмас моментно е претпоследен на табелата, откако на осум натпревари освои само пет бодови.

Најнови вести