Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2015

Флорес неочекувано ја напушти клупата на Хетафе

Кике Санчес Флорес, тренерот на Хетафе, само по месец и пол, неочекувано поднесе оставка и изјави дека тоа го направил од лични причини.

„Сакав да ве известам за одлуката да се повлечам од местото тренер на Хетафе“, изјави Флорес за „Марка“.
Тој изјави дека оставката ја поднел од лични причини.
„На овој начин сакам да ја избегнам ситуацијата која повремено во овој клуб не ме прави среќен“, изјави Флорес.
Педесетгодишниот тренер, кој Хетафе го презеде во јануари на местото на Космин Контра, еднаш веќе го водеше тој тим, во сезоната 2004/05, а во кариерата ги тренираше: Валенсија, Бенфика, Атлетико Мадрид, Ал-Ахли и Ал-Ајн.
Хетафе моментно се наоѓа на 13-тото место во Примера лигата, со четири бодови над зоната за испаѓање.

Најнови вести