Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2014

Хетафе го продава тренерот за спас на клубот

Шпанскиот Хетафе има големи финансиски проблеми. Бидејќи не може да продаде некој играч, иако сите се на трансфер-листата, за да излезе од криза, ќе мора да се откаже од тренерот. Како што пренесуваат медиумите, кинескиот Гвангжу сака да го купи неговиот тренер Космин Контра.

Кинезите во замена за тренерот би платиле три милиони евра, пари коишто на Хетафе би можеле да му го изгаснат пожарот.
„Сè уште немаме ништо конкретно, но ако се договорат двата клуба, не можам ништо да кажам. Ако сум јас единствениот кој има понуда, што да правам? Клубот поминува низ навистина тешка финансиска ситуација, а јас се понудив да помогнам. Работам во овој клуб, свесен сум за проблемите“, изјави Контра.
„Кинезите ми нудат пет пати поголема плата отколку што имам сега во Хетафе. Парите се важни, но ќе видиме што ќе се случи. Јас добро се чувствувам во Хетафе и во Примера лигата. Има моменти во животот кога морате да изберете за да им помогнете на луѓето. Оваа понуда би ја спасила сезоната“, додаде Контра.
Контра моментно има плата од 600.000 евра, додека Гвангжу му нуди три милиони евра по сезона.

Најнови вести