Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2014

Лафита надвор од теренот пет до шест месеци

Анхел Лафита, фудбалерот на Хетафе, ќе отсуствува од теренот најмалку пет месеци поради повреда на десната нога, објави шпанскиот прволигашки клуб.

На Лафита ќе мора да му биде извршена операција на лигаментите и се очекува дека ќе паузира меѓу пет и шест месеци.
Триесетгодишниот напаѓач на екипата од предградието на Мадрид го напушти теренот откако се повреди половина час пред крајот на натпреварот во гости против Гранада (1-1).
По 16 одиграни кола во шпанската Примера лига, Хетафе се наоѓа на 12-тото место на табелата со 17 освоени бодови. 

Најнови вести